Народна поезија - категорија

с повеќе

Вид збор: Предлог
Само во поезијата и дијалектно во некои состави: с овци, с кози.
Англиски: with

самосуден повеќе

самосудна
Вид збор: Придавка
Епитет за самовила.
Примери:
Самовили самосудни.

самски повеќе

Вид збор: Прилог
осамено, одвоено
Англиски: alone
Примери:
Одеше самски напред.

свили повеќе

свилат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се облекува во свила.
Албански: veshur me mëndafsh
Примери:
Кој те свилило, кој те редило?

сен повеќе

мн. сени
Вид збор: Именка, машки род
сенка
Англиски: shadow Албански: hije

сине повеќе

Види и: син (м.)
Вид збор: Именка, среден род
син
Англиски: son

склав повеќе

мн. склавје
Вид збор: Именка, машки род
роб, заробеник
Англиски: slave

склони повеќе

склонат
Вид збор: Глагол, свршен
наклони, наведне
Англиски: tilt Албански: anoj

скорива повеќе

Види и: скорне (св.)
скориваат
Вид збор: Глагол, несвршен
буди
Англиски: rouse Албански: zgjoj
Примери:
(нар. поез.) Девојче танко, високо / не оди ситно крај мене, / не ми скоривај јадови.

скришем повеќе

Вид збор: Прилог
скришум
Англиски: secretly

слелее повеќе

слелеат
Вид збор: Глагол, свршен
заниша, заталаси, разбранува
Англиски: wave Албански: valëvit
Примери:
(нар. поез.) Дувна ми ветер, повеа, / морето ми го слелеа.

слепи повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
ослепува, слепее
Англиски: blind
Примери:
Да ти слепам до два бели града / кога немам очи да ги гледам.

сломи повеќе

сломат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши
Англиски: break
Примери:
Море лудо, кутро младо! / позапри си брза коња, / да н‘ ме згазиш, да н‘ ме сломиш.

служува повеќе

служуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
служи, слугува
Англиски: serve

смилјаник повеќе

мн. смилјаници
Вид збор: Именка, машки род
миленик
Англиски: darling
Примери:
(нар. поез.) А јуначе смилјаниче, Лазаре!/ смил ти киска подгорела.

снеговит повеќе

снеговити
Вид збор: Придавка
снегов, снеговен
Англиски: snowy
Примери:
(нар. поез.) Кога беше зима со снегови, / му даваше грутка снеговита.

снежовица повеќе

Види и: снег (м.)
Вид збор: Именка, женски род
снег
Англиски: snow
Примери:
Грутка снежовица.

собер повеќе

Види и: собор (м.)
Вид збор: Именка, машки род
собор
Англиски: gathering
Примери:
Таму се бере соберот / момите оро играат.

соврзе повеќе

(се) соврзат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) одврзе, (се) разврзе
Англиски: untie
Примери:
(нар. поез.) Соврзете ми бели раце, / да засвирам шарен кавал.

сожние повеќе

сожнијат
Вид збор: Глагол, свршен
ожние
Англиски: reap
Примери:
Дај, боже, лута треска / од Ѓурѓовден до Петровден, / дур сожнијат пчениците.

создроби повеќе

создробат
Вид збор: Глагол, свршен
здроби
Англиски: shatter
Примери:
Бојно копје ќе создробам.

соѕвечи повеќе

соѕвечат
Вид збор: Глагол, свршен
ѕвекне
Англиски: resound
Примери:
Гајтанот да му соѕвечи.

сондевче повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сонце
Англиски: sun

сопина повеќе

Види и: сопне (св.)
(се) сопинаат
Вид збор: Глагол, несвршен
сопнува
Англиски: stumble Албански: pengoj
Примери:
(нар. поез.) Пијан идам од града, Велико! / сретив мома в ливада, Дилберо! / каде коња сопинат / со секакви коприње.

соружи повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
ружа
Примери:
Што коња седлиш, соружиш?

сорче повеќе

Види и: сор (м.)
мн. сорчиња
Вид збор: Именка, среден род
сор
Примери:
(нар. поез.) Та си зела, душо, остроно сорче, /та ми исекла душо, долга лозница,/ та ми исекла, душо, црвен трендафил.

спливне повеќе

Види и: пливне (св.)
спливнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плива.
Англиски: swim
Примери:
И пак спливнаа во она црно море.

споредум повеќе

Вид збор: Прилог
спроти
Англиски: against
Примери:
Во сабота споредум недела.

сребренов повеќе

Вид збор: Придавка
сребрен
Англиски: silvery

срета повеќе

Вид збор: Именка, женски род
средба
Англиски: encounter
Примери:
Нешто ми срета не срети, / ни си намера намери.

ставица повеќе

Види и: става (ж.)
мн. ставици
Вид збор: Именка, женски род
става
Примери:
(нар. поез.) Ставици ми прават, како славеј пеат, / како ластовици танко зборуваат.

стек повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
заработка, добивка
Англиски: profit Албански: fitim

стија повеќе

мн. стии
Вид збор: Именка, женски род
самовила
Англиски: fairy

стори повеќе

сторат
Вид збор: Глагол, свршен
(се стори) се случи
Англиски: happen Албански: ndodh

страдува повеќе

Види и: страда (несв.)
страдуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
страда
Англиски: suffer

студен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Друго име за месецот ноември.
Англиски: November

сугради повеќе

суградат
Вид збор: Глагол, свршен
гради, изградува
Англиски: build
Примери:
Да суградиш шарена гемија.

суздаде повеќе

(се) суздадат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави во далечина, се спушти.
Англиски: descend
Примери:
(нар. поез.) Се суздаде виор од небо.

сунѓерлија повеќе

Вид збор: Придавка
сунѓерест
Англиски: spongy
Примери:
потекла ми вода, / вода сунѓерлија

суплете повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
сплете
Англиски: knit
Примери:
Си суплете руса коса.

сусрете повеќе

Види и: срете (св.)
сусретат
Вид збор: Глагол, свршен
се сретне
Англиски: meet
Примери:
Ја сусретило едно лудо младо.

сустапи повеќе

сустапат
Вид збор: Глагол, свршен
задржи, запре
Англиски: hold off
Примери:
Сустапи војска, Петре војвода,/ сустапи војска да си поминам.

сутра повеќе

сутро
Вид збор: Прилог
изутрина
Англиски: mornings
а - б - в - г - д - ѓ - ж - з - ѕ - и - к - л - љ - н - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - џ - ш